Денеска „жив музеј“, крводарителска и изложба на кучиња во Ѓорче, утре сите во Кучково

Општина Ѓорче Петров со низа активности од различен карактер го привршува прославувањето на роденденот на општината. 

Денеска од 10 до 15 часот во Центарот за култура ќе се реализиракрводарителска акција, а во 12 часот во реонскиот парк ќе има "жив музеј" кој посетителите ќе ги врати низ историјата на Ѓорче Петров.

Стадионот "Македонски лавови" е резервиран за кинолошка изложба во 18 часот.

Првиот човек на општината со покана. 

-Ве повикувам заедно да ги проследиме манифестациите во рамки на финишот на одбележување на денови на општина Ѓорче Петров, порача Стојкоски. 

Утре со велосипеди и пеш сите во Кучково.

-Мапирани и обележани се 8 км. пешачка и 4,5 км. велосипедска патека во кружна форма. Ве поканувам да ни се придружите сите на завршниот настан по повод празнувањето на Општина Ѓорче Петров „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково. Во 10 часот од локацијата кај Крстот е појдовно време за групата кја ќе пешачи до водопадите. За учесниците се обезбедени безалкохолни пијалоци, а за забавниот дел ќе се погрижи диџеј Горан, информираше градоначалникот.