Денеска завршува гласањето за претставник на Евровизија

До вечерва, до 20 часот, е отворена платформата за гласање за претставник на Македонија на Евровизија.

Победникот ќе биде познат утревечер, во емисијата Стисни плеј на МТВ1. 

За победа се борат шест претставници, а македонската публика веќе има свои фаворити. Сепак, се уште е неизвесно и останува да видиме кој ќе не претставува во Торино.