Денеска втор последователен концерт на Здравко Чолиќ во Скопје

Поради големиот интерес на македонската публика за денеска е закажан вториот по ред концерт на Здравко Чолиќ во Скопје, во ВИП Арената “Борис Трајковски“.

Првиот концерт беше минатата недела, а Здравко успеа да ја наполни целата сала, со публика од најмали до најстари. 

Здравко до сега неколку пати ја има наполнето ВИП Арената и Градскиот стадион, и има настапувано на многу манифестации на отворено. Рекордна посетеност имаше неговиот настап на Плоштадот Македонија во 2009 година, кога се славеше укинувањето на визниот режим кон ЕУ, а на концертот дојдоа повеќе од 100.000 луѓе. Ова е првпат да одржи два концерти во салата „Борис Трајковски“.