Денеска времето ќе биде облачно со дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степена.

Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и почетокот на идната недела ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.