Денеска во Скопје, вистински летни температури

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот денеска висок и ќе изнесува 9.

Утре времето ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. 

Температури до 33 степени.