
Семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани ќе организираат „Марш за ангелите” денеска со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје.
Маршот ќе започне пред Обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред Собранието на Македонија.
,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себеуништување.” – истакнаа семејствата во писмено соопштение.
Од Јавното Обвинителство вчера упатија јавна покана за средба со претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка, пред најавениот протест.
- Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите, велат од Обвинителството.