Денеска во СЦ „Јане Сандански“ на мегдан на Вардар, доаѓа хрватскиот вицепрвак Нексе

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ на мегдан на Вардар, доаѓа хрватскиот вицепрвак Нексе, во меч од 8.коло на СЕХА лигата. 

Тимот на Нексе е најпријатното изненадување сезонава во СЕХА лигата, а со 6 победи и само 1 пораз (18 бодови), во моментов е на делба на 1.место на табелата со ППД Загреб, додека Вардар е трет со три бодови помалку (15).

„ Нексе сезонава игра одлично и ќе биде многу тешко. Играат добра одбрана, интензивно во нападот, па мораме да бидеме подготвени за тоа. Ова е уште еден меч на кој сакаме да ја победиме“, изјави Роберто Парондо вардаровиот тренер.

Парондо на овој меч нема да може да смета на Рожерио Мораеш кој има проблеми со коленото, па клубот ќе се обиде да го сочува Бразилецот за дуелотт против Барселона во Лигата на шампионите. 

„ Нексе е силна екипа која игра добар ракомет. Имаше доволно време за да се одмори и да се подготви за нас. Доаѓаат во полн состав во Скопје. Нема сомнежи дека ќе покажеме најдобра игра што можеме на утрешниот дуел. Одиме на максимум во овој дуел кој ќе ни биде подготовка за мечот против Барселона“, изјави Дејан Милосављев, голманот на Вардар.

Почетокот на мечот меѓу Вардар и Нексе е закажан за 20 часот и 45 минути.