Денеска во Гази Баба ќе се оддржат два граѓански форуми во рамки на постапката за креирање на буџетот на општина Гази Баба за 2025 година и тоа:
-18:00 часот - граѓански форум за жителите од Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма во ООУ Крум Тошев;
-19:00 часот - граѓански форум за жителите од Хиподром, Маџари, Кирил Петрушевски и Триангла во ООУ Вера Јоциќ.
- Ги поканувам сите граѓани да земат учество во форумите и со своите идеи да го дадат својот придонес за подобра Гази Баба, порача градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.
Дополнително својата идеја жителите може да ја дадат и онлајн на следниот е-маил: tvojaideja@gazibaba.gov.mk.