Денеска ветровито, но без дожд - Утре најавени 20 степени целзиусови

Денешниот есенски ден, ден пред викенд, ќе ни донесе сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, најавуваат од УХРМ.