Денеска ветровито и нестабилно, од утре дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7 степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Слично време се очекува и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 13 степени.

Утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови.

На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.