Денеска традиционална крводарителска акција „За Скопје со љубов, дарувај крв-биди хуман“

Под мотото „За Скопје со љубов, дарувај крв-биди хуман“, Црвен крст на град Скопје денеска традиционално организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.

Крводарителската акција, која е организирана со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, ќе се реалаизира од 9 до 17 часот во Дневниот центар за дарување крв, лоциран во ДХО „Даре Џамбаз“. 

– На денот на солидарноста, кога Скопје се сеќава за значењето на истата, ги покануваме граѓаните да бидат дел од крводарителска акција и да ја изразат својата солидарност преку чинот на дарување крв, стои во соопштението од Црвениот крст, од каде дополнуваат дека крводарувањето е сосема безбедно и во услови на пандемија со Ковид-19, а самата крводарителска акција ќе биде спроведена со почитување на сите пропишани протоколи за работа.