Денеска токсично во Скопје, загадувањето кај Ректорат и во Гази Баба алармантно

Првите денови на декември ги донесоа и зимските ниски температури, а со нив за жал и „најверниот“ пријател на скопјани во овие месеци - загадувањето. Така претпладнево мерните станици ширум главниот град покажуваат голема загаденост.

Најтоксично е кај Ректорат - 154 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, а веднаш зад него е Гази Баба со 135.

Кога во овој период од денот загадувањето на вакво ниво, а Скопје е трето по загадување во светот, останува на жителите да се молат на чудо за да се намали количеството на штетни честички во воздухот, бидејќи во вечерните часови овие параметри одат уште повисоко...