Денеска свечено сечење на лентата за автопатот Демир-Капија - Смоквица

Денеска и официјално се пушта во употреба автопатот од Демир Капија до Смоквица, новоизградениот дел од автопатот „Пријателство“.  На пуштањето ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Директоратот за проширување на ЕУ, министри и директори од Владата и градоначалници на општини низ кои минува автопатот.

Изградбата на овој дел од автопатот (28 километри) траеше шест години и чинеше 270 милиони евра. Автопатот има 2 тунела од по 1.200 метри и 6 мостови. Изведувач на работите беше грчката компанија „Актор“.

Финансирањето и изградабата на автопатот беше проследено со афери, по што се отворени две истраги - една во Грција и една во Македонија.

Обвинителството на Грција отвори случај за финансиски криминал против грчката фирма „Актор“, а во предистражна постапка е случајот „Актор“ на Специјалното јавно обвинителство на Македонија за перење на милионски суми пари.