Денеска стартува пробниот попис

Без усогласен закон меѓу власта и опозицијата од денеска почнува пробниот попис во 13 општини низ Македонија.

По неуспешниот стсрт на собраниската прпцедура и откажувањето на комисиската расправа во понеделникот опозицијата се закани дека без договор со власта ќе повикаат на бојкот на пописот.

Бараат да се спроведат стандардите кои ги пропишува Евростат.

Од СДСМ убедуваат дека власта е конструктивна. Велат, во рамките на Собранието мнозинството е подготвено да разговара со опозицијата

Пописот е закажан во периодот од 1 до 21 април идната година. За негова реализација власта веќе резервираше 8,5 милиони евра.

Македонските граѓани последен пат се попишале во 2002 година. Обид за попис имаше и во 2011та но поради серија проблеми оваа операција не го дочека својот крај.