Денеска сончево време со мала облачност - за утре ќе ви треба чадор

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 22 до 30 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 23 до 29 степени. Наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.