Денеска сончево време

Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до нула, а дневната од 9 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во среда ќе дува умерен северен ветер.