Денеска сончево и ветровито, за утре најави за дожд

Денеска ќе биде сончево и стабилно со мала до умерена облачност која ќе се преместува од запад кон исток. Ќе дува слаб претежно југозападен ветер. 

Според прогнозите на УХРМ утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот. Во петок ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.