Денеска сончево и топло - за викенд дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 29 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во наредниот период ќе се задржи топло време. Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.