Денеска сончево и топло со услови за локален дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе бие претежно сончево и топло, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во поланинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 21, а  дневната од 21 до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени.