Денеска сончево и топло, од недела пресврт на времето

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 24 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Утре ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.