Денеска сончево и многу топло - метеоролозите со нови информации за следната недела

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со поизразена облачност во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Tемпературата ќе се движи од 29 до 36 степени.

Во Скопје и околината  сончево и топло со мала локална облачност и слаб североисточен ветер. Температурата од 18 до 34 степени. 

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во вторник во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во среда повеќе нестабилност попладне ќе има во југозападните делови. Најтопло се очекува да е во средината на следната работна недела.