Денеска сонце, попладне дожд – викендов нестабилно време

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните и понекаде во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, само понекаде во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.