Денеска се празнува Преподобна Параскева-Петковден

Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост. Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Во народните верувања се вели дека денес не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа,по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.

Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината смрт и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град,каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа.