Денеска се одбележува Задушница, следниот викенд е Прочка

Денес, православните христијани ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Оваа Задушница секогаш се паѓа една недела пред Прочка - денот за простување, кој секогаш се паѓа во недела.

Од понеделникот по прочка започнува Велигденскиот пост, кој трае седум недели до Воскресението Христови - Велигден.

Задушница секогаш се паѓа во сабота, тоа е денот кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата. Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата.

Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.

Следната недела е Прочка, празник кој уште е познат како Велики Поклади кога помалите одат да бараат прочка од пострите. По Прочка започнуваат Велигденските пости.