Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во рамките на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ, се игра големото дерби, се игра“Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер. Последните подготовки се во тек, најавено е дека на трибините на нашиот најголем стадион ќе присуствуваат и двете навивачки групи, Комити и Чкембари.
Значи ќе има спектакл, тука нема дилеми, тоа е јасно кога играат Вардар и Пелистер.
Вечерва се игра 59-тиот меч меѓу овие две екипи. Вардар има 32 победи, Пелистер само 10 а 16 мечеви завршиле без победник. Гол разликата е 83:52 за Вардар.