Денеска протест за учебниците, ќе се вратат ли децата во училница?

По вакцинирањето на наставниот кадар и спроведувањето на матурата во јуни ќе се утврдува на кој начин ќе се одвива учебната година од септември. Министерката за образование и наука Царовска најави дека нивна заложба е што поскоро враќање на децата во училиште, штом епидемиолошката состојба тоа ќе го дозволи.

Во однос на најавениот протест на здруженија на родители против најавената дигитализација на дел од учебниците, Царовска истакна дека настава и учебници има и ќе има што укажува на тоа дека барањата се остварени.

Иницијативата „Учебници мора да има“ пак смета дека не вродиле со плод обидите за компромис со Министерството за образование и наука во однос на законскиот проект за учебници и наставни материјали во основното и средно образование и за утре на пладне закажа мирни протести против донесувањето на тој закон.

Од опозицијата сметаат дека станува збор за катастрофална реформа која не ја прифаќаат ниту родителите ниту учениците.

Од граѓанскта иницијатива „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА” најавија дека МИРНИТЕ ПРОТЕСТИ ќе се одржат координирано во поголемите градови низ Македонија денеска со почеток во 12:00 часот, пред седиштата на Општините.