Денеска пренасочување на сообраќајот во еден дел од градот

Од 7 часот целосно е  затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот.


Сите кои ќе се упатат кон овој дел, за време на градежните работи, ќе бидат пренасочувани по околната улична мрежа.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.