Денеска премиера на спотот на Андреа за „Circles“ на евровизискиот канал

По долго чекање, денеска во 15 часот на евровизискиот канал на Јутјуб, ќе биде објавена премиерата на видео-записот на македонската претставничка Андреа и нејзината песна „Circles“.

Првичната верзија на песната беше веќе промовирана, но поради најавените доработки, не беше веднаш објавена на овој канал.

Со нетрпение очекуваме да ја слушнеме конечната верзија на оваа преубава песна.