Денеска посебен сообраќаен режим поради посетата на Ципрас

Поради денешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи во соопштение апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките од полициските службеници и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.