Денеска почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта

Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во школите следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава.

Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската вакцинација да ги даде очекуваните резултати.

– Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој, вели Адеми.

nike air max 1 sale