Денеска околу 38 степени а за викендот дожд

Времето во Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 21, а дневната ќе достигне од 28 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Продолжува периодот на топло време. За време на викендот и во почетокот на идната недела во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, засилен ветер и грмежи.