Денеска облачно време со засилен северен ветер

Времето претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура  од  четири до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 14 степени