Денеска облачно и свежо со локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, претежно облачно и свежо со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.