Денеска на Уставен суд ќе се одлучува за ДУП во Центар

Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесена одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Судот поднесе постапка на седницата на 16 ноември 2022 и го запре извршувањето на поединиечни акти или едјствија кои се преземаат врз основа на оспорена Одлука.

Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.