Денеска му е роденден на прерано починатиот актер Славиша Кајевски

Пред речиси два месеца во македонската јавност одекна тажната вест за смртта на актерот Славиша Кајевски. 

„Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената“, напишаа од МНТ на официјалната Фејсбук страница на 4 декември. 

Актерот беше роден на 1 февруари 1982 година, а од 2010 владееше со театарската сцена на МНТ. 

Тој ќе остане запаметен по бројни театарски улоги во претставите „Бесачи“, „Макбет“, „Галеб“, „Ничија земја“, „Животот е прекрасен“, „Свадбата на Фигаро“ и многу други. Кајевски го гледавме и во најпознатите македонски филмови „Превртено“, „Хомо“, „Бал-кан-кан“, „Караула“, „Скопје ремикс“...