Денеска многу жешко, но на места со услови за дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, а УВ индексот  9.

Како што соопшти УХМР, во Скопје, сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време.