Од Факултетот за музичка уметност-Скопје известуваа дека денеска со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, драга и непреболена вонредна проф. м-р Сара Пројковска - Николовска.
Сара настрада во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал.
Сара пред помалку од четири години го изгуби сопругот, Александар Николовски, џез музичар и професор по труба, кој почина кон крајот на декември 2021 година, на 48-годишна возраст, по кратко боледување.
Сара беше самохрана мајка на две деца.
Погребот на Сара изврши на гробиштата во Горно Лисиче.