Денеска ќе добијат пари сите што скенирале сметки

Сите граѓани што скенираат сметки до денеска треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од управата за јавни приходи.

Ова е прва исплата од владината мерка „МОЈ ДДВ“ што почна во јули годинава и се однесува на периодот јули, август и септември 2019 година, а почна со исплата на втори овој месец…од 15-ти овој месец почнува и наградната игра мој ддв, мојанаграда, која предвидува парични награди во вкупен фонд од половина милион евра.