Денеска ќе биде пуштена клучката Требеништа на автопатот Охрид-Кичево, најави доцна синоќа Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски по увидот во изградбата на автопатот доцна синоќа, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во објава на Фејсбук информираше дека денеска ќе биде пуштена во употреба клучката Требеништа, уште еден дел од автопатот Охрид-Кичево.

-На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден. Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево“, напиша Николоски.

Нагласи дека резултатите се неизбежни – кога се има јасна цел, силна координација и волја.

-Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано. Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата“, нагласи вицепремиерот Николоски.