Денеска ќе биде промовирана новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденчиња

Во Гинеколошко-акушерска болница - Чаир, денеска ќе биде промовирана новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче.

На настанот ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, првиот вицепремиер, Артан Груби, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на гинекологија, д-р Башким Исмаили.