Денеска ќе биде поставен камен-темелникот на новата градина во населбата Пролет

Во дворот на ООУ „11 Октомври” во населбата Пролет денеска ќе почне изградбата на нова градинка.

На поставувањето на камен-темелникот на градинката ќе се обратат министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Изградбата на градинката „Пролет“ е целосно покриена со буџетски средства од Општина Центар и ќе згрижува деца од населбите Пролет и Маџир Маало, информираа надлежните.