Денеска ќе бидат пуштени во продажба билетите за концертот во чест на Тоше

Денес точно на пладне ќе бидат пуштени во продажба билетите за настанот ,,Во чест на Тоше Проески”, информираат од Југотон Рекордс, пренесува Фокус. 

Концертот ќе се одржи на 2-ри ноември во ВИП арена Борис Трајковски, а почетната цена на билетите е 250 денари.

На истиот ќе биде промовиран и албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. Материјалот за албумот се работеше во студиото на познатиот британски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – „The Hardest Thing”.

Предвидено е хитовите на Тоше да ги изведат голем број на балкански музички ѕвезди, но од меѓународната фондација ,,Тодор Проески” се уште не излегуваат со прецизни податоци околу тоа кој се ќе настапи на концертот.

Како што претходно најавија, билетите ќе бидат со прифатлива цена, бидејќи настанот има хуманитарен карактер.

За неговото организирање Министерството за култура издвои пет милиони денари.