Денеска ќе бидат отворени Младинскиот и Ресурсниот центар „Карпош“

Од Општина Карпош информираа дека денеска, во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ („Партизан“), на улицата „Љубљанска“ број 4, во 14:00 часот, свечено ќе бидат отворени Младинскиот центар „Карпош“ и Ресурсниот центар „Карпош“.

– Станува збор за нови простори за младите, граѓанските организации, институциите и за локалната заедница, создадени за поврзување, поддршка, соработка и за развој на нови идеи – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму посочија дека со ова се започнува ново поглавје во Карпош, при што Младински центар Карпош ќе биде место за идеи и иницијативи, а Ресурсен центар Карпош ќе поврзува, поддржува и создава.