Денеска ќе бидат исклучени дел од семафорите во Центар, најава за неколку исклучувања и за утре

ЈП Улици и патишта по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на денешниот ден (25.12) од 8 часот наутро до 15:30, ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.

Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија. 

Дополнително, на истата локација ЕВН најави работа и за утре, недела, 26 декември.  

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од - КЕЈ 13-ти Ноември, делот кај паркингот Холидеј ИНН, потегот околу КЕЈ 13 ти Ноември, бул. Кочо Рацин и ул. Мирче Ацев, семофори на раскрсница кај Веро Џамбо, дел од ул. Мирче Ацев. ( општина Центар )