Денеска и утре второ прскање против комарци во Скопје

Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје, против возрасни форми на комарци, се одвиваше денеска, а ќе се спроведе и утре во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, пак, ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до четврток, во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тоа ќе биде направено првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови – информираат од Град Скопје.

Град Скопеј апелира до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.