Денеска и утре времен режим на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ со прв слој асфалтна маса, во општина Бутел, на потегот од населено место „Кучевишка бара“ кон обиколницата, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива денеска (вторник) од 8ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и утре во истиот временски период на другата спротивна насока.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.