Денеска и утре во Гази Баба ќе се собира кабаст отпад

Денеска и утре општина Гази Баба во соработка со ЈП Комунална, ќе спроведат акција за собирање на кабаст отпад.

На 9.6 (петок) акцијата ќе се спроведе во УЗ Железара, Автокоманда и Керамидница и Кирил Петрушевски, а на 10.6 (сабота) во УЗ Триангла, Маџари, Хиподром и Ченто.

-Ги известуваме граѓаните кабастиот отпад да го изнесат најдоцна до 10:00 часот, доколку овој термин не се почитува, отпадот нема да биде подигнат, велат од Општината.