Денеска и утре продолжено работното време на Саемот на книга

Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид – 19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време во петок и и сабота

Работното време за петок, 11 септември е од 10:00 до 21:00 часот, а работното време за сабота е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.