Денеска и утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје кои ќе важат денеска и утре. 

 МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.