Денеска и утре поради извршување градежни работи привремен сообраќаен режим во Влае

Градот Скопје соопшти дека поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Утре, со почеток од 8 часот, ќе се затвори булеварот Партизански одреди на потег од крстосницата со улицата Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои ќе гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочат по улиците Московска и Васил Чакаларов или по улиците Скупи и Ацо Шопов.

В недела ќе биде целосно затворен за сообраќај булеварот Партизански одреди во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочат по улиците Васил Чакаларов и Ацо Шопов.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.